Новости

Занимливости

Колкав е рокот на траење на варените јајца

Во многу домови по Велигден остануваат многу јајца, а еве до кога е безбедно да ги јадете.

Прво, она што треба да знаете е дека варените јајца не мора да стојат во фрижидер, но никако не би требало да ги држите на некое место каде што ќе бидат изложени на сонце.

Што се однесува до рокот на траење, најбезбедно е варените јајца да ги изедете до пет дена откога сте ги зготвиле, но се смета дека се јадат и до седум дена.

Не грижете се ако жолчките станат зеленикави, тоа не значи дека јајцето е расипано, туку тоа е последица на хемиската реакција помеѓу белката и жолчката. Од друга страна, ако едноставно ви се причини дека јајцето чудно мириса, посигурно е да не го јадете.

GOLD
To Top