Новости

Занимливости

Колку е лесно да ги измамиш сите на Instagram дека си богат?

Бајрон Дентон е блогер и инфлуенсер кој на Instagram објавува фотографии од неговиот луксузен живот. Приватни авиони, гламурозни забави, скапа облека се дел од фотографиите што ги објавува на неговиот профил. Но, тоа што никој не знае е дека сè е измислено.

19-годишниот Бајрон на Instagram спроведе интересен социјален експеримент, сакајќи да провери колку е лесно да ги излажете луѓето на социјалните мрежи и лажно да се претставувате.

Момчето откри дека е инспириран од јутјуберот Џорџ Мејсон кој на почетокот на годината беше на лажен седумдневен одмор.

Профилот на Бајрон го следат скоро 70.000 луѓе, а фотографијата во „приватниот авион“ собра 1.000 допаѓања за само 7 секунди.

Тој проба да види колку дизајнерските марки влијаат на бројот на допаѓања, па така фотографијата со торбичка за шопинг од Loius Vuitton доби 12.000 лајкови.

„Над 10.000 луѓе ставија лајк само поради дизајнерската торбичка“, вели тој.

Лажни се и платените спонзорства, па така на патување во Мајами, кое самиот го платил, ставил хаштази за да испадне дека патот му е платен од спонзори.

Сите фотографии ги уредил со помош на FaceTune, PicArt, Adobe Photoshop Lightroom и слични алатки.

„Сето ова ме натера да ги преиспитам социјалните мрежи, дали денес познатите блогери навистина остваруваат успех со искреност или се лажни“, праша тој на крај.

GOLD
To Top