Новости

Занимливости

Конечно дозволена препродажба на авионски билети

Тоа што апсолутно сите им забележуваат на авио-компаниите ширум светот е неможноста за рефундирање на ави-карти во случај на откажување. Компанијата Air France одлучи да ја исполни желбата на своите патници со тоа што ќе воведе можност за препродажба на картите на други патници.

Иако оваа можност се уште не е достапна, новата програма ќе се вика FlexFly, па во случај на откажување ќе може својот билет да го огласите онлајн.

Доколку некој ја купи картата ќе добиете половина од парите, а половина одат во Air France која во слуачј при следното купување карти на купецот ќе му понуди попуст.

Картата во тој случај ќе изнесува 25 отсто помалку. За да ја користите оваа опција треба да знаете дека картите мора да ги купите од авио-компанијата, а не преку трета страна.

На овој начин AirFrance станува прва компанија во светот, на која доколку ова се покаже успешно, веруваме ќе и се придружат и другите.

GOLD
To Top