Новости

Занимливости

Крадци во Австрија украдоа камион со 160.000 колачи

Крадци украле камион со 160.000 колачи прелиени со чоколадо, соопшти австриска компанија што ги произведува тие слатки.

Камионот бил натоварен со 33 палети од популарните колачи „шведенбомбен“, прелиен со чоколадо и шлаг на крцкава вафла.

Компанијата соопшти дека камионот бил лоциран со GPS јужно од Виена и во близина на границата со Унгарија, но товарот исчезнал. Меѓутоа камионот е пронајден празен.

Полицијата продолжува со истрагата за пронаоѓање на сторителите.

GOLD
To Top