Новости

Занимливости

Куќа направена со 3Д-печатач може да издржи ураган и земјотрес

Иднината на домувањето во голем дел се состои во монтажни куќи. Тие се сѐ попопуларни бидејќи, пред сѐ, се релативно поевтини во споредба со стандардните бетонски зданија.

Со забрзаниот развој на градежната технологија, сега може и со 3Д-печатење да се изгради цела куќа за релативно кусо време.

Таков е новиот проект на Хаус.ме – самоодржлива монтажна куќа која може да се смести каде било. Користи многу малку електрична енергија, а повеќе од онаа добиена од покривни сончеви панели. Има и вградена батерија која може да обезбеди дополнително напојување од една недела, во случај на прекин на дотокот на струја.

Куќата содржи и систем за контрола на квалитетот на водата, паметен систем за прочистување на воздух, како и интегриран биоактивен систем за прочистување отпадни води.

Куќа е 3Д-печатена во композитна полимерна рамка за која компанијата уверува дека може да издржи и ураган и земјотрес. Прозорците се направени од шест слоеви калено стакло.

Куќата може да се проектира за две, три, четири лица, а разликата е во површината и во 3Д-печатените блокови.

GOLD
To Top