Новости

Занимливости

Луксузен ресторан среде железничката станица во Париз кој вреди да се посети

Луксузниот ресторан наречен “Le Train Bleu“ се наоѓа во Gare de Lyon, спектакуларната железничка станица која датира од 1901 година.  Овој ресторан има неверојатни лустери и фрески кои ги покриват ѕидовите, поради што ќе се чувствувате како да сте во музеј.

Дваесет и седум француски уметници помогнаа во создавањето на декорот на ресторанот. Покрај раскошната уметност, таванот и ѕидовите се украсени со слики од градовите во кои француската железничка компанија ПЛМ (Chemin de Fer Paris-Lyon-Mediterranée) ги вршела своите услуги.

Традиционална француска кујна

Храната која се служи во ресторанот е традиционална француска кујна. Некои од најважните јадења во понудата вклучуваат јастог, кој се служи како стартер и телешко месо со сирење, кое се служи како главно јадење.

Елегантен коктел бар

Најпознат коктел што се служи во овој ресторан е наречен “Americano du Train Bleu“, направен од кампари, вермут и тоник. Исто така, важно е да се напомене дека не мора да се грижите за вашиот багаж додека уживате во пијалокот или оброкот, бидејќи ресторанот има голема обезбедена гардероба.

Место за филмски сетови и познати гости

Не е ни чудо што ова место го обожувале Коко Шанел и Брижит Бардо. Ресторанот служел и како филмски сет за филмот Никита на Лук Бесон. Се разбира, овој гламур не е евтин, па доколку некогаш посакате да го посетите ресторанот, треба да резервирате место однапред за да уживате во врвното искуство кое го нуди “Le Train Bleu“.

 

 

 

 

 

 

 

Извор: Црно бело

GOLD
To Top