Новости

Занимливости

Мало чудо на природата: Се роди зебра со точки

Не мора да се расправате дали зебрата е црна со бели линии или бела со црни линии. Во резерватот Масаи Мара во Кенија се роди младенче зебра со точки.

Специјалистите за диви животни велат дека ова е прв ваков случај во овој резерват и дека најверојатно станува збор за состојба наречена меланизам, што е спротивно од албинизам.

За жал, младенчињата родени со оваа состојба ретко преживуваат подолго од шест месеци во дивината бидејќи се лесен плен поради тоа што се различни.

Ние се надеваме дека ова бебе зебра ќе преживее и ќе има убав и долг живот во африканската савана.

GOLD
To Top