Новости

Занимливости

Метеор предизвикал мегацунами: Оставил трага на Марс

Има сè повеќе докази дека некогаш на планетата Марс имало голем океан, а последното истражување укажува и на тоа дека метеорот кој направил Ломоносов кратер предизвикал и мегацунами кое оставило трага на Црвената планета.

Длабочината на кратерот на Марс потсетува на некои кои можат да се најдат на Земјата, а трагите на јужната страна можат да настанат по рекацијата од океанот откако метеорот се срушил во него.

Првите истражувања укажуваат дека крајбрежјето на океанот настанало по ударот на уште некој метеор во областа во која се наоѓа и Ломоносовиот кратер, а најновите докази покажуваат дека таму имало само еден удар.

Научниците сепак истакнуваат дека не постојат цврсти докази дека на Марс пред повеќе од милијарда години постоел океан како и тоа дека им е потребно повеќе време за да ја докажат Ломоносовата теорија.

Така идната мисија на Марс би можела да се фокусира само на оваа област која би можела да даде докази за тоа дали постои вода таму, а можеби и некои органски облици.

 

GOLD
To Top