Новости

Занимливости

Награда од 3 милиони долари за најдобриот играч на Fortnite

Да се биде најдобар и единствен преживеан од 100 натпреварувачи е предизвикот во секоја партија Fortnite. Изминатиот викенд ова му успеа на 16 годишниот, Кајл  Гиерсдорф „Bugha“од САД. Со ова тој успеа да ја освои 3 милиони долари, најголема награда во историјата на е-спорт натпреварите. Покрај највисоката прва награда, натпреварот имаше и најголем награден фонд во историјата од 30 милиони долари.

Натпреварот се одржа во Њујорк на стадионот „Arthur Ashe“, а илјадници гледачи во живо можеа да го изгледаат натпреварот и да го поздрават шампионот. Покрај првиот со над 1 милион долари дома си заминаа Харисон „Psalm“ Чанг, Шејн „Epikwhale“ и Нејт „Kreo“ Ку.

Веројатно најдобар податок за популарноста на Fortnite е дека 40 милиони учесници се натпреваруваа 10 недели во онлајн квалификациите. Ова беше и еден од најголемите натпревари и кога се во прашање различните држави од кои доаѓаат натпреварувачите, со над 30 држави.

Fortnite има над 200 милиони регистрирани играчи. Играта е бесплатна, но играчите можат да купуваат „облека“ за своите ликови. Има неколку различни модови на играње: соло натпреварување, тим од 4 и тим од 20.

Кога рекордите се во прашање можеби нема да треба да чекаме многу пред финансиските рекорди да бидат надминати, бидејќи наскоро се одржува Dota 2 International.

GOLD
To Top