Новости

Занимливости

Наместо кучиња, на Нов Зеланд дронови ги чуваат овците

Сточарите на Нов Зеланд користат висока технологија за чување овци.

„За мене, како овчар,  тоа е многу корисно“, вели Кори Ламбет од Нов Зеланд за своето беспилотно летало.

Тој прво го користел дронот за снимање, а потоа сфатил како да го искористи на карпестите и стрмни терени за чување овци. Тој не е единствениот. Овчарот од Марлборо, Џејсон Рентул, се согласува дека беспилотните летала се многу корисни и заштедуваат време. Заштедите се значајни: она што порано било работа за четири лица, секој со по најмалку две кучиња, сега го прават две лица со помош на беспилотни летала.

Рентул го купил својот прв дрон откако видел видео на ЈуТјуб на еден сточар , кој користејќи дрон го чувал својот добиток. Му требало време на неговото куче да се навикне на дронот и да соработува со машината. „Сега тие работат заедно, кучето и дронот. Беше неверојатно колку кучето брзо сфати за што станува збор “, вели Рентул. Беспилотното летало му олеснува на кучето да го пронајде стадото, благодарение на звукот на беспилотното летало.

Британскиот земјоделец Војтек Банке користи друга тактика и обучува овци за да го следат дронот. Во соработка со универзитетот Харпер Адамс, тој прво изолирал пет овци, притоа навикнувајќи ги на дронот за да се движи стадото заедно. Кога дронот ќе се приближел, тој фрлал ореви кон овците. Кога овците научиле дека дронот е одговорен за наградата, ги вратил во стадото. „За неколку недели, сите сто овци беа набљудувани од дрон“, вели Банке. Во меѓувреме, тој ги обучил сите 300 овци.

GOLD
To Top