Новости

Занимливости

Наместо риби, туристите во Амстердам ловат пластика

Компанијата за бродови и чамци, Plastic Whale организира тури со водичи низ каналите на Амстердам и на пристаништето во Ротердам, но нуди и една посебна услуга: туристите кои се возат со нивните бродови и чамци можат да ловат пластика од водите додека пловат.

Ова можеби ви звучи како многу несекојдневен начин да се доживее еден европски град, но би се изненадиле кога би би виделе колку луѓе радосни се качуваат во чамците и ги засукуваат ракавите за да ловат пластика со мрежи, пишува Green Matters.

Што можат да очекуваат луѓето од едно вакво необично пловење? Туристите добиваат водич на англиски или холандски јазик низ историските канали во текот на двочасовна екскурзија, но добиваат и големи мрежи со кои се натпреваруваат кој ќе извлече најинтересен пластичен предмет од водата.

Каналите низ еден голем град како Амстердам во себе кријат многу интересни работи. Од пасоши до пластични кукли, водичите на Plastic Whale имаат видено многу интересен улов. Луѓето, пак, кои не се зиантересирани за чистење на каналите можат едноставно да седнат, да го слушаат водичот и да се релаксираат.

Што се случува со собраната пластика? Бротчињата на коишто се возат туристите се направени од таа пластика. Досега компанијата има направено 10 бротчиња од рециклирана пластика. Организацијата Plastic Whale има и едукативни програми и бесплатни настани на кои ги информира луѓето како да ги зачуваат водите од пластичниот отпад.

Крајната цел на Plastic Whale е да престане со работа, односно барем во Холандија да нема повеќе работа за нив. Поради непрекинатото производство на пластични предмети, компанијата се фокусира на создавање поголеми ефекти преку партнерства со други компании од светот, особено во земји кои се особено загадени.

inovativnost.mk

Евротип
Евротип
To Top