Новости

Занимливости

Научниците го урнаа митот: Австралија не е земја со најмногу отровни змии

Популарното тврдење дека во Австралија живее најголем број и најотровни змии не е точно.

Херпетологот Ручира Сомавера од организацијата Commonwealth Scientific and Industrial Research Organisation (CSIRO) изјави дека овој мит за Австралија настанал пред неколку децении и се должи на токсичноста на отровот на одделни видови австралиски змии , како што е кафеавата.

,, Ако видите колкав број луѓе умираат од каснување од змија во Австралија , тоа практично е нула. Ситуациите кога се среќаваат змиите со луѓе се толку ретки во споредба со другите делови на светот.”, вели научникот.

За споредба , во делови на Азија, Африка и Јужна Америка има групи отровни змии кои се големи , агресивни и многубројни. Сомавера вели дека годишно околу милион луѓе се каснати од отровни змии.

Само во Индија од отровни змии годишно умираат по 10 000 луѓе. На соседниот остров Шри Ланка има 80 000 каснувања годишно и околу 400 луѓе умираат.

,,Тоа очигледно е голем проблем и опасност во другите делови на светот , особено во Азија , а не во Австралија.” , вели Сомавера за британски Гардијан.

GOLD
To Top