Новости

Занимливости

Научниците предупредуваат : Човештвото ќе исчезне до 2050 година

Анализа со страшни сценарија во кои се предвидува дека човештвото ќе исчезне до 2050 до 2050 година направија научници од Австралија.

Човештвото може да се уништи поради климатските промени се наведува во анализата објавена во Breakthrough National Centre for Climate Restoration на тинк-тенк организација од Мелбурн. Климатските промени се опишани како краткорочна до среднорочна егзистенцијална закана на човечката цивилизација и е направено можно сценарио што ќе се случува во наредните 30 години , доколку ништо не се смени. ,, Во нашата сегашна состојба планетарните и човечки системи достигнаа точка без враќање до средината на векот, каде перспективата за Земјата како место на кое не се живее ќе доведе до распад на нациите и на меѓународниот поредок.” , се предупредува во анализата.

Единствен начин за да се избегнат ризиците е да се направи нешто слично како мобилизација за светска војна , но овој пат за забрзано создавање изндустриски систем со нулта емисија на штетни материи и повторно создавање безбедна клима.

Според сценариото, со сегашниот начин на живот , температурата на глобално ниво ќе се зголеми за три степени , што дополнителнио ќе има повратен ефект за процесите што ќе доведат до уште поголем раст на температурата и допоплнителнио глобално загревање , од кое би изумреле клучните екосистеми за опстанокот на луѓето.

Први ќе изумрат коралните гребени , амазонските шуми и би исчезнал Арктикот, а потоа и другите животински заедници. Околу 2 милијарди луѓе би се соочиле со недостиг на вода за пиење , а производството на храна би било драстично пореметено. Околу милијарда луѓе би се иселиле поради неподносливите услови за живот.

,,Многу е веројатно во вакви услови човечката цивилизација да дојде до својот крај”, се наведува во извештајот.

GOLD
To Top