Новости

Занимливости

Научниците ја решиja мистеријата, накитот на Тутанкамон нема потекло од Земјата

Австралиските истражувачи ја решија загатката што повеќе од 100 години ги интригира научниците. Тие открија дека стаклото откриено во накитот на египетскиот фараон Тутанкамон е обликувано под метеорско влијание пред речиси 29 милиони години.

Резултатите од студијата беа објавени во списанието „Геологија“. Археолозите го проучуваат потеклото на стаклото од 1922 година.

Д-р Арон Кавоси од Центарот за вселенски и планетарни науки „Куртин“ ги истражуваше ситните честички на минералниот циркон, откриени во жолтото стакло. Анализата покажа дека во овие честички се присутни траги од редок минерал редит, кој може да се создаде само при метеорско влијание врз површината на Земјата.

„Ова е вечна тема за дискусија – дали стаклото е создадено за време на метеорски удар или за време на воздушна експлозија“, рече Кавоси.

Овие два процеса може да доведат до топење.

„Сепак, само удар на метеор создава ударни бранови што создаваат минерали под висок притисок. Откривањето на трагите на редит докажува дека стаклото е создадено како резултат на метеорски удар“, рече научникот.

makfax.com.mk

GOLD
To Top