Новости

Занимливости

Најбесмислени сајтови на интернет

Интернетот ни пружа мноштво корисни алатки, но овие сајтови не се вбројуваат во нив.

Сепак, ако нешто нема смисла, не значи дека не е забавно. Можеби сепак некој од овие најбескорисни сајтови на интернет ќе ви се допадне.

Гледање како сланина се пржи на тепсија

Bacon Sizzling е страна на која можете да гледате како крчка сланина.

Гледајте како тревата расте

Watching Grass Grow, како што кажува самото име е “посветен” на растењето трева. На оваа страна која постои од 2002 година можете да гледате како расте трева во живо.

Се паѓа

Oваа страница је психоделичен тобоган кој го прати иритирачки звук.

Гледајте како расте дигитален бонсаи

Taghua е симпатичен арт проект кој секој пат кога ќе го посетите ќе направи уникатно мало стебло кои потсеќа на цреша. Доколку дрвото не ви се допаѓа, можете да го ресетирате генераторот по што добивате ново дрво а потоа го гледате на мир како расте.

PoPoPopcorn

Доколку сакате пуканки, PoPoPopcorn  е страна кој сигурно ќе ви се допадне. На неа можете да гледате како се печат пуканки.

Ким Јонг Ил гледа…

Оваа интересна галерија која потсетува на Tumblr дефинитивно има заслужено свој сајт.

Колекција на фотографии од пресечени сендвичи

Scanwiches е дигитална ода на омилениот оброк. Пронајдете свој фаворит и сите информации за него, а потоа погледајте ја фотографијата од неговиот пресек во висока резолуција.

На што можете да трошите пари

Купете ништо на многу едноставен начин payfornothing.club.

GOLD
To Top