Новости

Занимливости

Најпознатото прваче: Принцезата Шарлот тргнува на училиште

Bританската принцеза Шарлот се поздрави со пријателите од градинка и се подготви за следниот возбудлив чекор – почетокот на училиштето.

Таа во четвртокот ќе им се придружи на своите соученици во одделението во училиштето „Томас Батерсеј“, на југозападен Лондон.

Нејзиниот постар брат Џорџ веќе е ученик во приватно училиште кое чини 19.287 фунти годишно, тка што ќе биде во нејзина близина да внимава на неа.

Нејзините родители, војводата и војвотката од Кембриџ, ќе ја остават пред училишната врата како и сите мајки и татковци.

Името на малата принцеза е Шарлот Елизабет Дајана, а нејзиниот службен назив е принцезата Шарлот од Кембриџ.

Најверојатно е дека токму така и ќе биде позната меѓу своите врсници, слично како и нејзиниот брат, за кој се верува дека е запишан како Џорџ од Кембриџ.

Нејзиниот татко Влијам и чичкото Хари го сториле истото, односно ја користеле титулата на принцот Чарлс – Велс како презиме. Истото презиме Велс го користеле и за време на воената кариера.

Извор: press24.mk

GOLD
To Top