Новости

Занимливости

Најстарата панда во светот наполни 37 години

Зоолошката градина во Чунгкинг, Кина организираше роденденска забава за панда која наполни 37 години, што е еквивалент за 110 човечки години.

Пандата Ксин Ксинг наполни 37 години и е најстарата џиновска панда во заробеништво во светот.

Според соопштението од зоолошката, пандата е во добро здравје и тежи 98 килограми. За неа се грижат двајца вработени кои редовно вршат мерења и го следат нејзиното здравје.

Во зоолошката е доведена кога имала една годинка. Пристигнала во 1983 година, а почнала со размножување во 1992 година. Во 2002 година родила близнаци и поставила рекорд за панда која родила во нејзиниоте дваесетти години. Бремена била 8 пати и има родено 10 панди. Испаѓа дека таа е баба на сите заробени панди. Има 137 потомци кои живеат во над 20 земји меѓу кои се САД, Канада, Јапонија, Белгија и други.

GOLD
To Top