Новости

Занимливости

Неколку причини зошто да го избришите бившиот од Фејсбук

Кога ќе раскинете со некој, раскинувањето како да не важи и за Фејсбук.

Ако се уште сте пријатели на Фејсбук или на некоја друга социјална мрежа со бившиот, избришете го без размислување, а еве неколку причини зошто.

Нема да мислите на него
Ок, секако дека ќе мислите, но барем нема да имате прилика постојано да го гледате неговиот профил и да проверувате каде е, што прави и со кого е.
Преболувањето ќе ви оди многу полесно
Знаеме дека звучи неверојатно дека некогаш ќе можете да го заборавите бившиот, но со време секако дека ќе го заборавите, а доколку го немате на фејсбук, преболувањето ќе биде многу побрзо.
Нема да доаѓате во искушенија
Се случува и на најдобрите, а доколку го избришете од Фејсбук, помали се шансите дека ќе се обидете да го привлечете неговото внимание со романтични статуси и со песни посветени на него.
Ќе станете невидливи за него
Доколку вашиот бивш партнер редовно ве следи на Фејсбук, нема да се прашува што правите и каде сте. Но доколку го избришете, блокирате нема да знае каде сте, што правите и почесто ќе размислува за вас. Иако ова не треба да ви биде важна информација, не е лошо да се знае.
Ќе се концентрирате на други
Кога бившиот го нема на видик, полесно ќе забележите дека постојат и други згодни момци. Можеби уште утре ќе ве пречека нова понуда за пријателство која ќе се претвори во нешто повеќе.

GOLD
To Top