Новости

Занимливости

Не знаела дека во кујната чува сликарско ремек-дело вредно шест милиони евра

Ремек-дело на италијанскиот сликар од 13. век Чимабуе е пронајдено во кујна на една Французинка и се очекува наскоро да биде продадено на аукција за повеќемилионска сума, пишува СНН.

Како што нагласуваат француски експерти за уметнички дела, сликата што Французинката ја држела на ѕид во својата кујна во околината на Париз, се очекува да достигне цена од шест милиони евра. А, Французинката мислела дека се работи само за стара грчка религиозна икона.

„Не ни’ требаше долго време да заклучиме дека уметничкото дело, со димензии од 26 на 20 сантиметри, е на италијанскиот сликар Чимабуе. Тој е татко на сликарството, така што добро ја познаваме неговата работа“, објаснуваат експертите.

Од тој италијански сликар постоеле само 11 слики, а ова дело е направено во 1280 година.

GOLD
To Top