Новости

Занимливости

Не отворајте ја пораката „Адидас“ за „Ватсап“, станува збор за измама

Многумина корисници на апликацијата „Ватсап“ добија порака деновиве дека „Адидас“ донира 3.000 бесплатни чифта патики и 1.800 маици за да ја прослават својата 95-годишнина, а патиките бесплатно може да се набават на http://www.adidas-neo.club/offer/.

Но, внимавајте, станува збор за измама. Доколку се кликне на понудениот линк, многу телефони целосно ќе се замрзнат и единствениот начин повторно да проработи мобилниот е присилно да се исклучи и да се вклучи. Но, токму тогаш почнуваат проблемите бидејќи пораката на тој начин почнува да се шири на сите контакти што ги имате меморирано во мобилнот телефон. Слична порака се шири и на „Вибер“.

Во март „Адидас“ предупреди за оваа измама, која се шири од 2017 година, не само преку овие апликации туку оваа порака се споделува и преку „Фејсбук“ и „Твитер“.

GOLD
To Top