Новости

Занимливости

Не прима плата а има милиони: Како точно заработува Меган Маркл откако е членка на кралското семејство

Меган Маркл зад себе има холивудска актерска кариера која и обезбедила големи хонорари, а денес е членка на кралското семејство и сопруга на британскиот принц Хари. Раскошен животен стил, скапоцена гардероба, далечни патувања и гламурозен накит станале дел од нејзиното секидневие, иако формално нема плата.

Меган Маркл самостојно почнала да заработува уште како тинејџерка. Прво како келнерка и хостеса, а потоа за време на студиите кусо покажала интерес и за дипломатија, особено за време на студентската размена која ја минала во Аргентина. Потоа сфатила дека најмногу ја интересира глумата па „се фрлила“ на остварувањето на својот сон.

После многу години напорна работа, Маркл конечно се пробила во Холивуд, а кусите сцени и улоги во позадина ги заменила со првиот сериозен ангажман. Добила улога во серијата „Костуми“ и така ги остварила првите сериозни хонорари.

Амбициозната Американка сите свои соништа ги оставила на страна кога пред две години ја запознала љубовта на својот живот и поради принцот Хари во 36. година ја завршила кариерата.
Се преселила во Лондон, се омажила и станала дел од кралското семејство и популарно наречената „Компанија“ во која некои од членовите се постојано “вработени“, а некои во ангажманите влетуваат по потреба.

На пример принцезата Еугенија е директорка на уметничка галерија, а нејзината сестра Беатрис работи во софтверската компанија Afiniti. Децата на карлските ќерки, на принцезата Ана исто така имаат вообичаени работи вон кралството. Но, ситуацијата е поинаква кога зборуваме за блиските на наследниците на круната.

Принцот Вилијам, принцот Хари и нивните сопруги технички се вработени во палатата односно работат во целите за промоција на кралството. Од страна на кралицата Елизабета доделени им се одредени фондации, здруженија и задачи. Тоа значи дека Меган Маркл од ноември 2017. година е во служба на кралството, но за тоа не прима директен хонорар.

Како тоа точно функционира
Нејзините трошоци, заедно со оние на нејзиниот сопруг и војводата и војвотката од Кембриџ, обично ги покриваат даночните обврзници или заштеда и наследство од принцот Чарлс. Принцот Хари исто така прима значителен годишен додаток од имотот на својата почината мајка.

За возврат, Хари, Меган и останатите членови на кралството мораат да одработуваат полно работно време преку кралски должности, од добротворна работа до турнеи по земји и светот. Од тие пари секако се финансираат и стајлинзите на трудната војвотка и сите останати потреби на кралскиот пар.

Но, Меган има и сопствена заштеда. иако повеќе не е дел од актерскиот сет, нејзините сцени и епизоди и понатаму се прикажуваат па на нејзината сметка доаѓаат и одредени суми, а тука е и заработката од продажба на недвижноста во Канада. Својата куќа во Торонто ја продала за 1,6 милиони долари.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Извор: Екран

GOLD
SN Finansii
To Top