Новости

Занимливости

Новите завеси на ИКЕА ќе го прочистуваат воздухот

Шведскиот бренд Ikea развива завеса што го прочистува воздухот, пишува Dezeen. Површината на завесата е на база на минерали коишто кога ќе дојдат во контакт со светлина, ги уништуваат сите штетни честички во воздухот.

Завесата, под името Gunrid, е резултат на технологија што Ikea во последните години ја развива во соработка со Универзитети во Европа и Азија, како и со добавувачи и иноватори. Завесата функционира слично како фотосинтеза во природата, процес што се активира со помош на сончевата светлина.

Ова е дел од напорите на Ikea да придонесе за намалување на загаденоста на воздухот, што претставува проблем на глобално ниво.

Извор: bi.mk

GOLD
To Top