Новости

Занимливости

Нов закон: Учениците нема да завршат училиште ако не засадат 10 стебла

На Филипините е донесен нов закон според кој учениците нема да може да добијат диплома за завршено училиште , доколку не засадат 10 стебла.

Секој ученик треба да засади по 10 стебла за да заврши основно училиште , да заврши средно и потоа факултет и за секоја диплома ќе треба да садат дрвја.

,,Со над 12 милиони ученици , кои завршија основно училиште , речиси пет милиони што завршуваат средно и речиси 500 000 што дипломираат на факултет секоја година , овој закон ако се спроведе како што треба , ќе обезбеди секоја година да се засадат по најмалку 175 милиони нови стебла. Во текот на една генерација , како дел од оваа иницијатива може да се засадат 525 милиони стебла.” , вели Гери Алејано, автор на овој закон.

Стеблата ќе се садат во шумски подрачја , потоа во цивилни и воени области , како и во урбани заедници , според план за пошумување на единиците на локалната самоуправа.

GOLD
To Top