Новости

Занимливости

Ова се десетте најсмешни ликови на телевизија

На порталот Ранкер се наоѓа анкета со најсмешни телевизиски ликови.

Првото место го зазема Питер Грифин од цртаниот филм „Семеен тип“.

Сепак, Грифин води тешка борба со Ерик Картмен од „Саут Парк“ кој се наоѓа на второ место.

Третото место го зазеде уште еден лик од „Семеен тип“, Стиви Грифин, а легендарниот Хо,ер Симпсон се најде на четвртото место.

За неанимираните јунаци се чини дека местото не им беше на врвот, па првиот „реален“ лик заврши на петтото место, а тоа е Шелдон Купер од „The Big Bang theory“.

 

После него е Фил Данфи од „Модерно семејство“, па детективот Џејк Пералта од „Бруклин 9-9“. На осмо место е Стерлинг Арчер од „Арчер“, деветти е Чарли Кели од „Секогаш е сончево во Филаделфија“, а на десетто место се најде Реј Холт од „Бруклин 9-9“.

 

GOLD
To Top