Новости

Занимливости

Отишла кај очен лекар па се шокирала: И пронашол 500 дупчиња на рожницата, очите и биле спржени од премногу гледање во телефонот

Приказната за девојката Чен (25) од Тајван би можела да биде добра лекција за сите кои повеќе време минуваат покрај екраните на мобилните телефони.

Поради проблеми со видот таа отишла кај очен лекар. Откако две години без престан користела мобилен телефон чиј екран бил максимално осветлен констатирал лекарот дека видот и е перманентно оштетен.

Оштетувањето било толку големо што лекарот и рекол дека на рожницата и се појавиле дури 500 дупчиња и дека очите и изгледаат како да и се „испечени во микробранова“.

Како што наведуваат странските медиуми, Чен работи како секретарка. Кога ја подесувала осветленоста на екранот одлучила да ја стави на најјако и не насетувала дека тоа многу лошо ќе се одрази врз нејзиното здравје.

По две години зјапање во толку осветлен екран, пишување пораки и гледање на снимки, почнале да ја болат очите и да и пукаат капиларите.

Видот на левото око значително и ослабел, а лекарите велат дека и на десното ситуацијата е уште полоша.

И дале стероиди,и како што наведуваат подобрување имало по 3 дена.

Велат дека нејзиниот телефон емитувал светлина од 625 лумени, а препорачана доза е 300.

Доколку само 2 часа сте изложени на светлост од 600 единици, ефектот ќе биде ист како да сте вклучиле микробранова чека.

Не е познато кој тип телефон користела Чен.

Затоа, препорачливо е сите, доколку веќе не можат да го намалат времето поминато покрај екранот, барем да ја намалат јачината на осветленоста. Исто така доколку ноќе гледате во компјутер или во телефонски апарат, не го исклучувајте собното светло.

GOLD
To Top