Новости

Занимливости

Откриени организми што се различни од било која животна форма

Луѓето делат слични карактеристики со многу видови животни, а интересно е што сите имаат еден заеднички дел – ’рбетот. Но, истражувачите од Универзитетот „Квинсленд“ од Австралија откриле низа од илјадници организми толку уникатни, што не се вклопуваат во ниту една категорија.

Во истражувањето била користена нова техника наречена метагеномика, која вклучува секвенцирање на ДНК во примерок од животната средина – почва, вода и слично, за да се произведе тој метагеном. Тимот научници од интернационална датабаза на метагеноми реконструирале индивидуални геноми на 7820 нови бактерии и 623 археи. Од овие микроорганизми, третина биле поразлични од сето она што научниците го виделе порано. Микроорганизмите се еволуциски поразлични од претходно реконструираните геноми.

Микроорганизмите се тешки за изучување и анализирање. Научниците можеле само успешно да изучат 1 до 2% од сите познати бактерии и археи во лабораторија, па нивното анализирање во природни услови преку метагеномика можеби е единствениот начин за изучување на останатите. Иако се мали, овие микроби можат да имаат големо влијание врз нашиот свет. Во моментов голем проблем е отпорноста на антибиотици. Нови форми на антибиотици се пронаоѓаат во бактерии и габи, па видовите откриени од научниците можеби ќе бидат развиени во антибиотици што ќе бидат поефикасни.

Други истражувања исто така идентификувале уникатна индустриска и еколошка употреба на микробите. Се користеле за креирање ѓубрива за земјоделството, а етанолот кој се произведувал од некои од нив може да се најде во детергенти и слични такви продукти. Научниците од Велика Британија забележале дека новите океански микроби можеби го „јадат“ поголемиот дел од пластиката што ги загадува водите, а бактеријата што живее од јаглеродниот диоксид може да помогне во борбата против климатските промени.

Потенцијалната употреба на новите идентификувани организми е големо откритие, па дополнителните анализи најверојатно ќе откријат повеќе информации за тоа во каков свет живееме.

Извор:факултети.мк

 

GOLD
To Top