Новости

Занимливости

Пакистански политичар се појави како маче во живо на Фејсбук

Еден локален политичар од Пакистан се појави со мачкини уши и мустаќи на конференцијата за новинари која се пренесувала во живо на Facebook, што предизвикало  смеа кај корисниците на социјалните мрежи.

“Министерот се претвори во мачка”, гласи еден од коментарите, додека друг корисник на интернет напиша: “мјау, мјау, мјау”.

Конференцијата беше одржана во Пешавара, а локалниот службеник задолжен за информирање, Шаукат Јусафзаи, се појави со розеви уши и долги црни мустаќи, подолги од неговите вистински мустаќи.

Филтерот „мачка” случајно е активиран за време на преносот на конференцијата, изјави Јусуфзаи за Франс-Прес.

„Не бев единствен. Уште двајца службеници покрај мене беа погодени од филтерот“, рече службеникот со лежерен тон и додаде дека не треба да се сфати премногу сериозно.

Видеото на интернет е отстрането по неколку минути, но постојат фотографии за оваа конференција. Иако во текот на преносот, некои корисници на интернет укажуваа на постоење на мачкини уши и мустаќи, тој останал вклучен.

Пакистанскиот тим задолжен за општествените мрежи соопшти дека станува збор за човечка грешка и дека ќе се преземат мерки да не се повторува.

GOLD
To Top