Новости

Занимливости

Патување и плата од 100 илјади евра годишно – заинтересирани?

Дали сакате да патувате низ светот и да фотографирате? Кој не сака? Па и ако ви кажеме дека ќе заработите 100 илјади долари за тоа?

Необичен оглас го привлече вниманието на речиси секој фотограф од светот. Имено, на страницата „Perfocal“ многу богато семејство објави конкурс за личен фотограф кој ќе биде во можност да патува низ светот најмалку 12 месеци и да ги фотографира на нивниот одмор.

Семејството би било на пат и до три месеци во континуитет, а веднаш предупреди дека потенцијалниот фотограф мора да биде во состојба на готовност бидејќи за следното патување би бил информиран само неколку дена пред тргнувањето од Велика Британија. Тој ќе работи десет часа на ден, но работодавецот ќе му плати здравствено осигурување и 30 дена годишен одмор.

Покрај платата од речиси 100.000 долари, платени се и патните трошоци, храната и сместувањето.

Фотографот ќе има можност да го види Њу Орлеанс, да присуствува на карневалот во Рио де Жанеиро, да оди на Малдивите, да оди во посета на нивните куќи во Европа, како и да прошета во Северна и во Јужна Америка.

Инаку, семејството веќе имало свој фотограф кој неодамна поднел оставка, а на оние што сакаат да влезат во потесен круг, потребно им е петгодишно искуство. Оние што ќе влезат во потесниот круг ќе минат низ сериозен разговор за работа бидејќи фамилијата сака да почувствува дали ќе има „хемија“ со фотографот пред да го вработи.

GOLD
To Top