Новости

Занимливости

Пицерија од Даблин им нуди 500 евра на оние кои ќе успеат да ја изедат нивната најголема пица

Популарна пицерија од Даблин на своите посетители им нуди можност да уживаат во своето омилено италијанско јадење, но и полни џебови. Имено, на секој кој ќе ја изеде нивната пица која е околу 80 центиметри и испие две млечни шејкови за 32 минути им гарантираат награда од 500 евра.

Кога сопственикот на Pinhead’s Pizza, Ентони Кели во менито додал пица од 80 центиметри во 2015 година таа немала никакво име. Ја нарекувале “најголемата ирска пица”. Денес ја викаат The Notorious Pizza, а тоа е име кое е соодветно, бидејќи сè уште никој не успеал да ја изеде сам – иако многумина се обиделе.

На почетокот, Кели на оние кои го прифатиле предизвикот им понудил ваучер од 50 евра и бесплатна пица за истиот предизвик. Но, оттогаш стана уверен дека никој не може да го исполни предизвикот, па сега им нуди 500 евра на секој кој ќе успее, пишува Одити Централ.

Кели рекол дека повеќе од 100 луѓе се пробале во предизвикот, но никој не дошол ниту малку блиску да ја заврши цела. И додека тој повикува сè повеќе луѓе да се обидат во предизвикот, уверен е дека никој нема да може да го исполни.

Новинари на редакциите Irish Sun и Irish Mirror исто така го пробале предизвикот, но успеале да изедат само четвртина од огромната пица.

GOLD
To Top