Новости

Занимливости

Полугола во Чернобил: Инфлуенсерка го разгневи интернетот

Иако уште не е јасно каква реакција очекувала Instagram моделката кога се фотографирала разголена во напуштениот озрачен град, едно е сигурно – сите едногласно се згрозени од нејзиниот невкус и неукост.

Зоната на исклучување во Чернобил и градот Припјат станаа уште попримамлива туристичка атракција по емитувањето на ТВ-серијата „Chernobyl“ за нуклеарната катастрофа што се случи таму на 26 април, 1986 година.

Многу луѓе сакаат да го посетат местото и да направат фотографија за паметење. Меѓутоа, не сите луѓе се доволно паметни да сфатат што значеше Чернобил за човештвото.

Инфлуенсерка на Instagram, идентификувана како Алена Л’Вова позираше таму со цел да привлече повеќе следбеници на својот профил, но начинот на кој одбра да го направи тоа ги разгневи корисниците на социјалните мрежи.

Таа позира полугола, облечена само во танга гаќички и проѕирен комбинезон сличен на оние што ги носеле луѓето кои учествувале во расчистувањето на хаосот по експлозијата, застаната покрај зграда во распаѓање во Припјат, кој стана град на духови откако беше евакуиран пред повеќе од 30 години.

Реакциите на луѓето на Instagram, разбирливо, не беа позитивни.

„Ти си предмет на исмевање. Покажуваш такво непочитување, не можам ни да почнам да објаснувам. Ако имаш барем некаков морален компас, симни ја фотографијата. Луѓе загинаа тука“, напиша корисникот wintersacey.

„Погрешно на толку многу начини. Без грам почит. Требаше убаво да размислиш пред да го направиш ова“, коментира chopsie83.

И на Twitter не беа нешто поблаги:

https://twitter.com/JohntheCraptist/status/1138673254636433408

Нуклеарната катастрофа во Чернобил, поранешна СССР, остави трајни последици – речиси 8,4 милиони жители на денешна Белорусија, Украина и Русија беа изложени на високи нивоа на радијација, а над 400.000 луѓе беа приморани да се евакуираат од најзагрозените области.

GOLD
To Top