Новости

Занимливости

Поради кафе туристи во Венеција платиле казна од 950 евра

Германски туристи се обиделе да сварат кафе во близина на мостот во Венеција „Риалто“ поради што се казнети 950 евра, па им е наложено да го напуштат градот.

Двајца берлинци, стари 32 и 35 години се сместиле во дното на скалите на познатиот мост за да сварат кафе на решо. Некој локален жител ги пријавил, а младите туристи набрзо биле уапсени од страна на полицијата која ги казнила со 950 евра поради непристојно однесување. Исто така, наложено им е да го напуштат градот. Ова е во склад со неодамнешната одлула на Градскиот совет на Венеција. Откако таа мерка беше усвоена, применета на 40 пати.

Прописот, усвоен во мај се однесува на правилата на пристојно однесување и безбедност која треба да се почитува во градот кој секојдневно се соочува во масовен туризам. Забранети се пикници на одредени локации, капење во фонтатни, прошетки без маици.

Во Венеција живеат 55 илјади жители во центарот на градот, а годишно овој италијански град го посетуваат 30 милиони туристи.

 

GOLD
To Top