Новости

Занимливости

Почина најстариот човек на светот – имаше 123 години

Апаз Алиев, кој тврдеше дека е најстар човек на планетава, почина во 123. година од животот.

– Доживеа промена на епохи и генерации, подигна осум деца, 35 внуци и повеќе од 20 правнуци. Секогаш беше љубезен старец кој го сакаше животот во што повеќепати се уверив кога се сретнавме – напиша Јанус-бек Јевкудов (55), претседател на Ингушетија, република во состав на Руската Федерација.

Апаз тврдеше дека работел од својата седма година. Почнал како овчарче. Во Руската граѓанска војна (1917-1922) се борел за Црвената Армија, а во Втората светска војна со 45 години сметал дека е престар за војување. Заедно со други Ингуши и Чеченци, Сталин по војната го протерува во Казахстан, каде што имал сиромашен живот. Бил возач на трактор. Така ја запознал својата идна сопруга, која исто така била возач на трактор, а починала во 2014 година.

Не пушел, не пиел, освен млеко и изворска вода, не гледал телевизија, а првпат на лекар бил кога имал 121 година. Јадел начесто овошје и зеленчук од својата бавча и наводно ги имал сите природни заби.

Ако имал сочувани докумети, Алиев ќе го надминеше Јапонецот Кимуро, кој почина на 116 години и 54 дена. Вака Апаз нема да влезе во Гинисовата книга на рекорди.

 

GOLD
To Top