Новости

Занимливости

Прелистувачот Firefox Focus доби и верзија за Android (ВИДЕО)

Пред некое време Mozilla го претстави својот прелистувач Firefox Focus за iPhone и iPad со ветување да се фокусира на заштитата на личните податоци на корисниците. Апликацијата има поедноставен интерфејс без јазичиња и излишни визуелни елементи и доби добри критики во App Store, каде се радува и на висок рејтинг.

Време беше Firefox Focus да стигне и до Android, откако обезбедува пристап до истата функционалност и можност за филтрирање на следење реклами, кои не само што го следат корисничкото однесување, но и можат да ја забават работата на пребарувачот.

Новините во верзијата за Android се неколку и вклучуваат бројач на реклами, кој покажува колку реклами се блокирани за секој сајт, исклучување на блокадата за сајтовите кои не работат коректно, и известувања за расчистување на историјата на прелистување. Последната функционалност е доста корисна, бидејќи остава индикатор во полето со известувања кога ќе се префрлите на друга апликација. На овој начин нема да заборавите да ја избришете историјата на посетените од вас сајтови што се случува со само едно копче.

Под Android може и да изберете Firefox Focus да биде стандардниот пребарувач.

Извор: standard.mk

GOLD
To Top