Новости

Занимливости

Прогласена е за најдобра земја во светот за живеење: Висок животен стандарт и одлични услови

Висок животен стандард, конкурентни плати, но и стабилната политичка и економска состојба, придонесоа во време на глобална несигурност оваа држава да се искачи на првото место. Со економската клима во државата задоволни се дури 80% од испитаниците, додека дури 86% од нив искажале задоволство со политичката ситуација.

Погодувате, станува збор за Швајцарија. Оваа земја е прогласена за најдобро место за живот и работа. Оваа мала земја го симна од тронот на листата на банкарската групација HSBC и Сингапур кој ја држел титулата цели пет години.

Околу 82% од луѓето кои се преселиле поради работа во Швајцарија изјавиле дека уживаат во подобар животен стандард во споредба со својата татковина. Имено, дури 7 од 10 луѓе кои се преселиле во Швајцарија сега уживаат во повисоко ниво на расположлив доход со годишна просечна плата од 111,587 долари – што е значително повеќе од глобалниот просек од 75.966 долари.

Со Швајцарија и Сингапур, на врвот на листата се сместени Канада, Шпанија, Нов Зеланд, Турција, Германија, Обединетите Арапски Емирати и Виетнам.

 

 

GOLD
To Top