Новости

Занимливости

Расте побарувачката на аудио книги во Европа

Во Западна Европа аудио книгите се многу популарни. Во ова време кога во цел свет паѓа продажбата на книгите, само продажбата на аудио книгите е во постојан пораст, а многумина се прашуваат дали ова го менува односот на читателите кон пишаната книга печатена на хартија и оние кои се читаат со помош на интернет.

„Обсервер“ го пренесе Марк Хадон дека „не прочитал ниту една книга додека не му била прочитана“. Аудио книгите не се некој новитет, но нивната продажба пораснала за 43 отсто во 2018 година додека продажбата на печатената книга е намалена во ист период за пет отсто прв пат во изминатите пет години.

Ако оваа тема се набљудува од историска перспектива тогаш треба да потсетиме дека Хомеовата „Илијада“ била во суштина аудио книга пред да биде запишана.

Во денешно време многумина пуштаа аудио книга за да ги заспие, како што тоа некогаш правеле нашите родители. Други пак слушаат книга додека се шетаат или додека внимаваат на децата или како алтернативна тв програма. Родителите велат дека аудио книгите се многу добра забава за децата додека ги возите во кола, а тие кои одат на работа со воз или подземна железница со задоволство слушаат наместо да читаат.

Според едно истражување во 2016 година се покажало дека 91 отсто испитаници не правеле разлика дали текстот го читаат или слушаат.

Занимливо било сознанието дека читателите дека подобро паметат она што прочитале од печатена книга од текстовите прочитани на екран.

Издавачите се задоволни бидејќи на нив им е важно книгата да се продаде во било која форма.

GOLD
To Top