Новости

Занимливости

Русите снимаат нова серија „Чернобил“, за нив главен виновник е ЦИА

Мини серијата која се емитува на ТВ каналот HBO за експлозијата во советската нуклеарна електрана која се случила во 1986 година, ја воодушеви и критиката и публиката ширум светот, додека од другата страна, за руските медиуми серијата е дел од Западната „русофобна“ пропаганда, па затоа е снимена и руска верзија во која ЦИА е главен виновник за катастрофата.

Креаторите на серијата истакнуваат дека клучот во кој би требало да читате за  трагедија наречена Чернобил, прашањето е „Која е цената на лагата?“ кое е поставен на промотивните плакати за серијата и на која во нејзините пет епизоди даваат многу силен и потресен одговор.

Во Русија, медиумите не мислат така, пренесува index.hr кој ги пренесува пишувањата на повеќето руски медиуми.
„Фактот е дека нас американски, не руски, ТВ канал ни зборува за нашите сопствени јунаци тоа е извор на срамота со кој про –кремајски медиуми не можат да живеат. И тоа е вистинска причина што и се замерува на серијата „Чернобил“.

GOLD
To Top