Новости

Занимливости

Русија забранува пушење цигари на балкони, високи парични казни за прекршителите

Во Русија стапува на сила нов закон , уште поригорозен за пушачите на цигари.

Владата најави нов закон, според кој ќе биде забрането пушењето цигари и на балконите на приватните станови.

Според овој нов закон, отворен оган е забранет на станбени балкони, како и во хостели и хотели.

Според таа логика, огнот од запалка, како и запалена цигари се класифицираат како  отворен оган.

Но, тоа не е сè, исто така ќе биде забрането, на пример, правење скара и палење свеќи на балконите.

Веднаш по најавата на овој закон, имало забуна околу тоа дали пушењето ќе биде забрането или не, но министерот подоцна потврди дека новиот закон забранува цигари на балконите.

Секој што ќе го прекрши ова правило, се соочува со парична казна од 42 евра.

Законот стапува на сила на 1 октомври. Руските градови главно се состојат од високи згради со балкони, така што , според медиумите нема многу луѓе кои ќе бидат подготвени да се облечат и да слезат пред зграда за да запалат цигара.

Русите на социјалните мрежи прашуваат која е целта на балконот ако не може да се пуши на него. Дури и портпаролот на Кремљ мораше да го објаснува законот , кој што го нарече ,,спасител на животи ” и додаде дека во кабинетот на Путин има пушачи кои може да се избројат на прстите на едната рака.

GOLD
To Top