Новости

Занимливости

Саркофагот на Тутанкамон оди на обнова после 100 години: Златниот ковчег остана недопрен се досега

Експертите започнаа со обнова на златниот саркофаг на египетскиот дете-крал Тутанкамон по првпат од откривањето на гробницата во 1922 година, соопшти египетското министрство за антиквитети.

Ковчегот и познатат збирка пронајдени во гробот на Тутанкамон требаше да бидат централен дел од новиот Гранд египетски музеј (ГЕМ) кој во Египет ќе се отвори идната година во близина на пирамидите во Гиза.

Министерството соопшти дека саркофагот е донесен пред 3 дена од југот на Египет до музејот на реставрација и тоа првпат од откривањето на гробницата.

„Ковчегот претрпе многу оштетувања, вклучувајќи и пукнатини во златните слоеви од гипс и општата лоша состојба на златните слоеви“, изјави Еиса Зидан, шеф на Оддлението за реставрација во музејот и додаде дека реставрацијата ќе трае околу 8 месеци.

Египет и претходно најави дека новиот музеј официјално ќе биде отворен до крајот на 2020 година. Градењето траеше 15 години, а делумно беше финасирано од Јапонија.

Гробницата на кралот од 18. династија во Колината на кралевите во Луксор ја откри британскиот археолог Хауард Картер во 1922 година. Гробницата беше недопрена и во неа се наоѓаа околу 5.000 артефакти.

GOLD
To Top