Новости

Занимливости

Светска недела на доење: Доењето најздрава исхрана за новороденчето

Доењето е најдобар начин да се обезбедат хранливи материи кои му се потребни на детето кога ќе се роди.

Мајчиното млеко е неопходно за правилен раст, развој и здравје на бебето, а воедно е добро и за физичкото и психичкото здравје на мајката. Докторите пoрачуваат дека доењето е најздравата и единствена исхрана која треба да ја прима новороденчето до едногодишна возраст покрај додатоците, што понатаму доведува и до здрава адултна популација.

Под мотото „Да се поддржат родитeлите за да се овозможи доењето” од денеска до 7 август се одбележува Светската недела на доење.

– Педесет до шеесет проценти од мајките дојат во првите шест месеци. Сакаат да дојат 85 до 90 проценти од мајките, но имаат некакви компликации. Токму затоа во примарната здравствена заштита со мајките треба да ги надминуваме тешкотиите со кои тие се соочуваат за време на доењето, вели претседателот на поткомитетот за промоција, заштита и поддршка на доењето, д-р Мими Кимовска Христова.

Од општествена важност, посочи таа, е да се поддржи иницијативата на родителите за доењето и таа да се одржи понатаму, бидејќи

– Ќе се залагаме доењето да биде ексклузивно, како што е предвидено и од СЗО, по препорака на УНИЦЕФ, ОН и сите релеватни институции. Тоа значи до шестмесечна возраст доенчињата да примаат само мајчино млеко, а понатаму да се продолжи до двегодишна возраст, а ако треба и подолго. Во рамки на тоа може да се почне со додавање храна, но не и замена на мајчино млеко, на храна после шестиот месец, истакна д-р Кимовска Христова.

Светската недела на доењето секоја година се одбележува во 170 земји од светот со цел унапредување на здравјето на бебето. /МИА

GOLD
To Top