Новости

Занимливости

Се вљубила во бездомник кој ѝ го променил животот

Британката Кејти Никол го запознала својот партнер Џон Хонс додека бил бездомник. Таа вели дека тоа било моментна хемија.

– Веднаш се „споивме“, изгледаше така искрено… Нашата врска стана многу, многу силна. Секој ден се смееме, цело време, раскажува Кејти, која инаку е разведена и мајка на две деца.

Секој ден излегувала и седела со него на плажата во близина, каде што тој обично бил близу локалната сладоледџилница. Наскоро почнале да си разменуваат и љубовни пораки.

Приказнава меѓу првите ја обелодени британскиот фотограф Крис Фрир.

Хонс (31) ѝ пишувал песни на Кејти, а таа во повеќе наврати го канела на вечера. За три месеци, тие и „официјално“ биле во врска. Со помош на својата седум години постара девојка од Гримзби, тој нашол и работа, а и не е веќе бездомник. Двојката е заедно веќе осум месеци.

Додека бил бездомник, Џон еднаш имал просјачки картон на кој пишувало: „Нејзиниот адвокат беше подобар од мојот”. Тоа значи дека станал бездомник откако минал 2,5 години в затвор. Бил осуден за напад врз човекот што го фатил в кревет со неговата поранешна девојка.

Тоа не ѝ пречело на Кејти. – Кога тој првпат влезе во мојот дом, веднаш почувствував дека можам да му верувам, вели таа.

Кејти му помогнала и да се одвикне од дрогата. Џон вели дека засекогаш ќе ѝ биде благодарен за сè што направила за него. – Сонував за ова кога спиев на плажата, и знаев дека нема вечно да бидам таму, истакна тој

МИА

GOLD
To Top