Новости

Занимливости

Срамота: Како се одмаздуваат српски туристи заради лош интернет во Грција?

Српски туристи кои неодамна биле на летување во Грција решиле да им „напакостат“ на сопствениците на вилата кајшто биле сместени на необичен начин.

srpski-turisti-im-se-odmazdile-na-gazdite-poradi-losh-internet-vo-apartmanot-01.jpg

Иако Грција е избор за одмор на многу српски гости, често се случува тие да се жалат за секакви работи.

Група туристи од Србија биле незадоволни од интернет конекцијата во текот на нивниот престој, па одлучиле да се „одмаздат“ за тоа. Истуриле маслиново масло врз мебелот и тоа врз креветот, перниците, постелнината, па дури и фиоките.

srpski-turisti-im-se-odmazdile-na-gazdite-poradi-losh-internet-vo-apartmanot-02.jpg

srpski-turisti-im-se-odmazdile-na-gazdite-poradi-losh-internet-vo-apartmanot-03.jpg

На социјалните мрежи се појавија фотографии од нивниот апартман на кои нивните сонародници коментирале дека во Грција ретко се наоѓа добар интернет во апартманите, па подобра опција им било да отидат во некое кафуле, а не да се посрамотат на ваков начин, со уништување на мебелот.

srpski-turisti-im-se-odmazdile-na-gazdite-poradi-losh-internet-vo-apartmanot-05.jpg

Извор: www.crnobelo.com

GOLD
To Top