Новости

Занимливости

Среќа или проклетство: Станарите во оваа куќа живеат во две држави истовремено

Ако сте се прашувале како е да се живее во две држави, оваа куќа на северноамериканскиот континент ја дава точната слика!

Куќата во Вермонт, наизглед обична, се разликува и тоа како од останатите. Заради една необична причина. Едниот дел од куата се наоѓа во САД, а другиот дел во Канада. И да, пред влезот е обележана границата. Сегашните сопственици, Брајан и Џоан Думолин сакаат да ја продадат, но голем проблем имаат за да најдат кој ќе ја купи.

(AP Photo/Wilson Ring)

Што значи испаѓа на крајот дека животот во две држави не е толку едноставен.

„Ако постои некаков проблем, не можете само да ја напуштите куќата и да се вратите подоцна, секој пат мора да ја поминете границата,“ објаснуваат сопствениците кои оваа куќа ја наследиле уште во седумдесетите. Посебен проблем е доаѓањето нови цариници, затоа што мора да ги поминувата истите процедури повтрно, затоа што не ги познаваат сопствениците.

Се на се, животот во оваа куќа има и предност. Никогаш никој ништо нема да ви украде покрај 24-часовен надзор од американска и канадска страна.

GOLD
To Top