Новости

Занимливости

Стоматолози извадија 526 заби од устата на седумгодишно дете

Индиски орални хирурзи и стоматолози изведоа операција на седумгодишно момче и му извадија 526 заби од устата, објави Business Insider.

Родителите на момчето идентификувано како П. Равиндраната го однеле на стоматолошки преглед поради отоци и болки во пределот на десниот дел од долната вилица.

Ретгенските снимки направени во ординацијата на Стоматолошкиот факултет Савет покажале дека момчето во устата има „нешто слично на мала вреќичка со повеќе од 500 заби“, вели доктор Сентилнатан, професорка по орална и максилофацијална хирургија на Стоматолошкиот факултет и болница Савет во градот Ченају.

„Никогаш досега не сме сретнале ваков случај, но за вакво нешто е пишувано во медицинската литература“, вели д-р Пратиба Рамани, професорка и дикректорка на Одделението за орална и максилофацијална патологија.

Докторите објаснуваат дека израстокот налик тумор го спречил растењето на трајните заби во устата на детето.

Бил свикан конзилиум на кој било одлучено веднаш да се направи операција. Родителите веднаш се согласиле, но поминале неколку часа додека да го убедат детето.

Олеснителна околност за операцијата била што оваа ретка состојба била откриена во рана фаза.

По петчасовната операција, од устата на седумгодишното дете биле извадени 526 заби со различна големина, од 0,1 до 15 милиметри.

„Беа како бисерчиња извадени од школка. Дури и најмалиот заб беше правилно формиран“, раскажува доктор Рамани.

Докторите не знаат што ја предизвикува оваа состојба, но се претпоставува дека развојот на вишок заби може да се должи на генетика, како и на надворешни фактори.

Сличен случај имаше во Мумбај во 2014 година кога од устата на 17-годишник беа извадени 232 заби.

GOLD
To Top