Ролс Ројс , Ферари , Бентли , Мустанг, Ламборџини , класични Мерцедеси , американски лимузини Бјуик и Кадилак се оставени од своите сопственици и заборавени на огромен простор во пустината во Емиратите , во областа Шарјах во близина на Дубаи.

Поранешните сопственици ги иамле овие автомобили додека работеле во Дубаи и ги користеле на лизинг , а кога си заминале , едноставно ги оставиле авбтомобилите да пропаѓаат.

Голем број од автомобилите им припаѓал и на сопственици на кои добро им одело , но пропаднале , па го оставиле целиот свој имот заедно со автомобилите поради строгите закони во земјата.

25- годишниот Јутјубер Мохсин Латиф , кој ги сними и објави фотографиите вели дека дел се распаднати , но има и луксузни автомобили ,кои никогаш не биле возени.

За кратко време местото стана Мека за авто ентузијастите од целиот свет , кои почнаа да ги купуваат овие автомобили или деловите од нив.