Новости

Занимливости

Татко ѝ се придружил на својата ќерка стјуардеса на сите летови за да не се чувствува осамено за Божиќ

Таткото Хал Воган ѝ се придружил на својата ќерка Пирс, која е стјуардеса, на сите летови во текот на божиќниот период, со цел таа да не мора да биде сама и без своето семејство за време на празниците.

Приказната станала вирална откако патникот Мајк Леви од Охајо, кој седел покрај Хал Воган, ја споделил на својот Фејсбук профил.

“Го имав тоа задоволство да седам покрај Хал на своето враќање кон дома. Неговата ќерка Пирс беше наша стјуардеса која морала да работи за Божиќ, а тој одлучил да го помине празникот со неа. Воган лета на секој од нејзините летови денеска и утре, низ целата земја, само за да биде со својата ќерка. Каков фантастичен татко! Ви посакувам и на двајцата среќен Божиќ”, напишал 31-годишниот Леви на Фејсбук.

Мајк вели дека овој чин е посебен бидејќи неговата ќерка не морала да биде сама за Бадниковата вечер. Пирс исто така напишала дека му обезбедила лет во првата класа на својот татко, но и дека Мајк бил одличен патник.

I had the pleasure of sitting next to Hal on my flight back home. His daughter Pierce was our flight attendant who had…

Gepostet von Mike Levy am Montag, 24. Dezember 2018

GOLD
To Top