Новости

Занимливости

Тон чоколадо истече на улица во Германија по дефект во фабрика за чоколади

Улица во западен Германски град доби репоплочување во стилот на Вили Вонка, откако тон чоколадо истече од фабрика и се залепи за асфалтот.

Германскиот весник Soester Anzeiger извести дека “мал технички дефект“ кој вклучувал тенк за складирање, предизвикал чоколадото да се истури од фабриката за чоколадо DreiMeister во Westoennen.

Откако го допре асфалтот, млечното чоколадо брзо се стегна и зацврсти за патот.

Околу 25 пожарникари мораа да помогнат и работат напорно за да го изгребат чоколадото со лопати. Тие исто така мораа да употребат топла вода и шмркови за да ги отстранат остатоците во пукнатините и дупките на улицата.
Шефот на компанијата Маркус Лаки раскажа за медиумот дека фабриката ќе се врати на работа набргу. Тој раскажа дека да се случело истекувањето поблизу до Божиќ „тоа ќе било катастрофа“.
GOLD
To Top