Новости

Занимливости

Трудете се да ја напуштите вашата канцелација на време

Неодамна со моите следбеници на социјалните мрежи споделив слика и коментар, по повод моето искрено верување дека сите треба да практикуваме напуштање на канцеларијата кога ќе заврши официјалното работно време. Искрено, не очекував три илјади лајкови и стотици коментари, но секако сакав да споделам со останатите зошто цврсто сметам дека за квалитетен професионален и приватен живот неопходно е да посветите внимание на следново: “напуштете ја канцеларијата на време”.

Во текот на последните 10 години константно слушав прекрасна фраза поврзана со балансот помеѓу работата и живеењето. “Балансот помеѓу животот и работата е концепт кој вклучува правилен избор на приоритети помеѓу работата (кариера и амбиција) и животниот стил (здравје, задоволство, слободно време, фамилија и духовен развој)“.

Што сето ова значи и зошто верувам дека е потребно да се напушти канцеларијата на време?

Работата е процес без крај – тоа е факт на кој мораме да се навикнеме, поради тоа престанете да се фокусирате само на еден ден или една недела и започнете да планирате кариера. Обидете се да развиете вештина за паметно управување со времето и престанете да се обидувате се да завршите во еден ден!

Клиентот е значаен, но и вашата фамилија – сметам дека е смешно мислењето дека два часа поминати со фамилијата се доволно време. Фамилијата секогаш ќе го збогати вашиот живот повеќе отколку било кој клиент, посветете им онолку време колку што заслужуваат.

Ако доживеете пад во животот, ниту клиентот ниту шефот нема да ви помогне, фамилијата ќе ви помогне – немој да ме разберете погрешно бидејќи и јас се борев против тоа, обидувајќи се да бидам добар шеф и вистинска поддршка, но тоа е само обид, единствено фамилијата секогаш ќе биде тука без приговор.

Животот не е само работа, канцеларија, клиенти – сакам луѓе и индустријата во која работам и моментот кога се слави успех е феноменален, но тоа е само момент.

Личност која останува до доцна во канцеларија не е вредна личност. Ова испровоцира многу коментари и разбирам зошто луѓето не се согласуваат со мене. Работејќи 10 години на вработување други, научив дека оние кои се во можност да работат ефикасно и во предвидениот рок, се успешни луѓе со вистински баланс помеѓу работата и животот. Доколку работите 10-12 часа, ве молам да погледнете што се обидувате да постигнете и да се запрашате дали тоа ви носи корист. Испланирајте го својот ден уште пред да го започнете, но не го правете тоа во 8 или 9 часот наутро кога работниот ден е веќе започнат.

Не учевте напорно за да се претворите во машини. Единствено машините, кога се добро подмачкани и на моќна енергија можат да работат 24 часа. Вие не можете, затоа направете баланс во животот. Сетете се – 8 часа сон, 8 часа работа, 8 часа за себе и фамилијата.

Ако вашиот шеф ве приморува да останете до касно – знаете, јас сум шеф и доколку морам од некого да побарам да работи до доцна или доколку самиот работам до доцна, јас сум будала. До денес, никогаш од никого не сум побарал да работи до доцна, а нема ни во иднина.

Можам со часови да разговарам на оваа тема. Јас сум дете на родител кој ретко беше присутен, токму поради работа. Сум видел многу семејства кои се распаднале токму затоа што работата ја поставиле пред семејството. Сум слушнал и за млади татковци кои си го загрозиле сопствениот живот поради стрес на работа, работејќи 16 часа дневно.

НАВИСТИНА, СЕКОГАШ НАПУШТЕТЕ ЈА КАНЦЕЛАРИЈАТА НА ВРЕМЕ!

www.bankarstvo.mk

GOLD
To Top