Новости

Занимливости

ФОТО: Меланија Трамп покажа како изгледа нејзиниот дом пред Новгодишните празници

Првата дама на САД, Меланија Трамп покажа како изгледа Божиќната декорација на Белата куќа.

Белата куќа наведува дека во декорацијата спаѓаат: дрво кое го сечеа членовите на семејството на американските војници кои починале во борба, полици над каминот со приказни за Њујорк, Сент Луис, Чикаго и Сан Франциско.

Овогодинешната тема која ја одбрала првата дама е „Американско богатство“, а Белата куќа е украсена со 29 елки, многу сијалички, повеќе од 12.000 панделки, 14.000 украси и драматична црвена шума.

Новогодишната елка која е висока 5,5 метри е украсена со плави ленти со златни детали.

Погледнете како изгледа домот на Меланија Трамп пред Новогодишните празници.

GOLD
To Top