Новости

Занимливости

ФОТО: Ова е најлуксузниот воз во светот со 5 ѕвездички

Готвачи со ѕвезди на “Мишелин”, кипарисови кади и пријатни спални со сопствен камин – ова се само малку од додатоците кои ги нуди луксузното патување во светот.

Достојни за хотел со пет ѕвездички, сите овие убавини всушност се наоѓаат на јапонскиот воз “Шики-Шима”. Патниците, подготвени да се разделат со до 950 000 јени (8500 долари) по човек, можат да уживаат во луксузни купеа во кои ќе поминат четири дена и три ноќи во текот на патувањето од Токио до северниот остров Хокаидо и обратно.

Секоја од собите оди со голем панорамски прозорец низ кој патниците ќе можат да уживаат во јапонската провинција. По вечерата тие можат да се соберат за пијалак околу пијано, сместено во еден од заедничките делови на возот, кој располага со десет вагони, или да се оддадат на осаменост крај огништето, која всушност е само оптички трик, создаден од пареа и разнобојни светла.

Првото патување со луксузниот воз започна во понеделникот, а на него има 33 лица, соопшти операторот на линијата од компанијата “East Japan Railway”. И иако износот за екстравагантно патување да не е мал, заинтересирани не недостасуваат – сите билети за патувањето до март 2018 година се распродадени.

“Шики-Шима” не е првиот луксузен воз кој нуди патување низ Јапонија. Во 2013 година компанијата “Kyushu Railway” го отвори својот луксузен воз “Седум ѕвезди”, кој им нуди на патниците пијано бар, вкусна храна и луксузни купеа.

GOLD
To Top