Новости

Занимливости

ФОТО: Прилепчанецот Јорданоски со тимот “Associacion Master Chef БиХ” освоија 13 злата на „BestCook Fest 2018“

Се одржа натпревар во кулинарство „BestCook Fest 2018“ во Измир, Турција каде настапија Христијан Јорданоски од Прилеп и струмичанецот Благој Андонов со тимот кои се и членови на Associacion Master Chef Босна и Херцеговина.

Прилепчанецот Јорданоски освои две злата во категориите на ресторански десерт и месо, како и едно сребро во категорија риба.

Додека струмичанецот Андонов освои едно злато во категорија месо.

Тимот на Associacion Master Chef БиХ се вратија со 13 злата и едно сребро.

Нашите македонски натпреварувачи се вратија со 13 злата и едно сребро.

– „Bestcook Fest 2018 Kemalpasa“ се одржува по втор пат, а нашиот тим е за прв пат на овој натпревар. Задоволни сме бидејќи организацијата беше по сите WACS правила, а нашиот тим имаше одлични резултати 13 злата и едно сребро. За овој натпревар се подготвувавме околу две недели. Следните планови се за Романија и Украина за оваа година. – истакна Јорданоски.

На овој натпревар учествуваа 23 земји и повеќе од 250 натпреварувачи.

GOLD
To Top